Свет Затворен Капитол хил поради сомнителни пакети

Затворен Капитол хил поради сомнителни пакети

Капитол хил во Вашингтон е затворен поради сомнителен пакет, јавуваат светските медиуми.

Полицијата соопшти дека пронајден е сомнителен пакет, а медиумите јавуваат дека на местото се присутни припадници на контрадиверзантски единици.

„Се истражуваат два сомнителни пакета“, се наведува во соопштението на полицијата, која набрзо додала дека еден од пакетите е проверен.

Ова е втор пат Капитол хил да биде затворен за два дена. Вчера во Центарот за посетители непознато лице отвори оган. Полицијата го застрелала непознатиот напаѓач, а во пукањето, полесно е повредена една жена.