Македонија Запленети 5 килограми сребрен накит и бижутерија на скопскиот аеродром

Запленети 5 килограми сребрен накит и бижутерија на скопскиот аеродром

Во едниот случај станува збор за четири килограми сребрен накит и бижутерија што британски државјанин, инаку сопственик на продавница за накит

Фото: Царинска управа на РСМ

Околу пет килограми сребрен накит и бижутерија се запленети од страна на царински службеници на Меѓународниот аеродром Скопје. Странски државјани не го пријавиле накитот, но биле фатени од цариниците, известува Царинска управа.

Во едниот случај станува збор за четири килограми сребрен накит и бижутерија што британски државјанин, инаку сопственик на продавница за накит, се обидел да ги изнесе од државата без да ги пријави на цариниците. Накитот е откриен при контрола на рачниот и дополнителниот багаж, којшто бил побаран од страна на царинските службеници.

Во вториот случај, на влез во земјава запленети се 123 парчиња сребрен накит откриени кај турски државјанин, кој патувал од Истанбул.