Свет Европа Запленети 385 килограми кокаин во Италија

Запленети 385 килограми кокаин во Италија

Италијанската финансиска полиција денеска соопшти дека запленила 385 килограми чист кокаин, чија вредност на црниот пазар изнесува околу 77 милиони евра.

За време на акцијата уапсени се девет членови на екипажот на еден товарен брод.

Брод од Бразил пловел кон јужната италијанска област Калабрија, кај пристаништето Џио Тауро, се наведува во соопштението на финансиската полиција.

Дрогата била спакувана во 17 водоотпорни вреќи, кои екипажот на околу 20 килограми од брегот го фрлил од палубата.

Пристаништето Џио Тауро често го користи калабриската мафија Ндрангета за увоз на дрога од Латинска Америка.