Свет Свет Запленет повеќе од еден тон кокаин кај Салвадор

Запленет повеќе од еден тон кокаин кај Салвадор

Колумбиската полиција синоќа во близина на брегот на Салвадор заплени повеќе од еден тон кокаин, превезуван во четири моторни чамци.

Како што се наведува во соопштението, 1.112 килограми кокаин, кој бил запленет во заедничка акција со полициските сили на Салвадор, требало од Колумбија да биде распределен на нарко-пазарот на Централна Америка.

Во полициската акција се уапсени 12 лица, вклучувајќи и еден жител на Еквадор, двајца Колумбијци и деветмина жители на Гватемала.

Чамците, според првичната истрага, испловиле од јужниот дел на Колумбија, а биле фатени во близина на границата со Гватемала.