Хроника Запалено возило во скопската населба Козле

Запалено возило во скопската населба Козле

Ноќеска околу 2.20 часот по полноќ, на улицата Козле во Скопје бил запален автомобил, марка „цитроен“, сопственост на М.М. (52), соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, пожарот на возилото го предизвикал засега непознат сторител, кој најверојатно употребил запаливо средство.

Полицијата засега нема осомничени и презема мерки за целосно расчистување на случајот.