Свет Европа Запалена џамија во Шведска, петмина повредени

Запалена џамија во Шведска, петмина повредени

Најмалку пет лица се повредени во пожар, кој денеска бил подметнат во џамија во шведскиот град Ескилстуна, пренесуваат светските агенции, повикувајќе се на полициски информации.

Според полицијата, очевидец забалежал како некој фрлил предмет низ прозорец од зградата во која се наоѓа џамијата, по што настанал пожар.

Полицијата сè уште го истражува случајот и засега нема уапсени лица.

Инцидентот се случува во момент кога во Шведска се води интензивна дебата околу прашањата за имиграцијата.

Екстремната десница смета дека бројот на азиланти треба да се намали за 90 отсто, додека водечките партии сакаат да ја зачуваат либералната имиграциона политика на Шведска.