Хроника Запален автомобил на скопјанец во населбата Шуто Оризари

Запален автомобил на скопјанец во населбата Шуто Оризари

Непознат сторител синоќа, околу 20 часот, подметнал пожар во автомобил, марка „фолксваген голф 4“, кој бил паркиран на улицата Виетнамска во Скопје, информираат од полицијата.

Од пожарот била зафатена десната страна на возилото. Екипа на скопската противпожарна бригада веднаш интервенирала на местото и го изгаснала пожарот.

Увид бил извршен од екипа на Секторот за внатреши работи Скопје, кој презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.