Македонија Законот за јавно обвинителство влегува во Собранието по скратена постапка

Законот за јавно обвинителство влегува во Собранието по скратена постапка

Фото: Борче Поповски

Законот за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), денеска е на дневен ред на 108. собраниска седница.

Законот влегува во собраниска процедура со европско знаменце и по скратена постапка.

Вчера, министерката за правда Рената Дескоска рече дека нема напредок во разговорите за законот, по средбата на работните групи.

– Разговаравме за прашањата отворени од самиот почеток, меѓу кои и за статусот на предметите кои ги води СЈО. Клучните непремостливи разлики се оденсуваат токму на ова прашање. Желбата на другата страна е овие предмети да не завршат ефикасно. Нашите црвени линии се дека правдата мора да дојде, без разлика кој ќе ги заврши – истакна Дескоска.