Македонија Загинатите полицајци се од Тетово, Брвеница и од гостиварско Зубовце

Загинатите полицајци се од Тетово, Брвеница и од гостиварско Зубовце

Полицајците Жарко Кузмановски од Брвеница, Сашо Самојлоски од Тетово на возраст од околу 32 години и 28-годишниот Ненад Серафимовски од гостиварското село Зубовце, се жртвите од вооружената престрелка во кумановско Диво Насеље.

Трагичната вест семејствата на убиените ја слушнале попладнево.

Брвеница денеска беше обвиена во тага, а револтот кај мештаните кои беа излезена на сред село беше голем. Дел од нив избегнуваа да зборуваат за трагедијата.

Екипи на Брза помош пристигна во Брвеница да им укажат здравствена помош на семејствотото и на пријателите на загинатиот полицаец Кузмановски, чија здравствена состојба се влошила откако ја слушнале трагичната вест.

Од семејството на убиениот полицаец Самојлоски велат дека попладнево биле информирани за смртта на нивниот најблизок. Велат дека според првичните информации кои ги поседуваат, Сашо загинал од шрапнел во кумановската населба Диво Насеље.

Погребите на тројцата загинати припадници на МВР ќе се одржат утре.

З.Д.