Дописници Загина возач на такси во Штип

Загина возач на такси во Штип

50-годишен возач на такси-возило загина во тешка сообраќајна несреќа откако на неговото возило налетал џип „бе-ем-ве“, со кој управувал студент од Турција. Во несреќата се повредени и двајца патници во такси-возилото, меѓу кои и бремена жена. Во отсуство на официјални полициски информација, дознаваме дека несреќата се случила ноќеска, кратко по полноќ, во близина на автобуската станица во Штип.

Неофицијално, џипот се движел со голема брзина.

Загинатиот таксист бил воено лице во пензија. Турскиот студент во Штип е познат како сопственик на едно од кафулињата, каде излегуваат странските студенти.

Утринава, по ноќниот дожд, во Штип се случи уште една сообраќајна незгода, кога се судриле такси-возило и автобус што превезувал работници.

Повеќе информации очекуваме во текот на денот.