Македонија Загаденоста во Скопје двапати повисока од дозволеното

Загаденоста во Скопје двапати повисока од дозволеното

Загадувањето во Скопје утрово е двапати повисоко од дозволеното според податоците измерени во 10 часот. Нивото на канцерогените  суспендирани ПМ10-честички изнесува 118,84 микрограми на еден кубен метар од дозвелени 50 микрограми.

Моментално, многу високо ниво на ПМ10-честичките е забележано во скопската наслеба Лисиче и во општина Тетово. Во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба и во градовите Кичево, Велес, Кочани и Кавардци нивото на ПМ10-честичките е високо.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека тие, во согласност со законот, се задолжени да го регулираат загадувањето кое доаѓа од големите капацитети  како фабриките и електроцентралите. За преземање мерки за намалување на загадувањето од помалите загадувачи надлежна е локалната самоуправа, која треба да направи акциони планови.

Вчеравечер, според податоците на Министестерството за животна средина и просторно планирање, измерени во 19 часот, во скопските населби Карпош, Лисиче, Гази Баба и во градовите Битола, Кичево, Тетово, Велес и Квадарци нивото на суспендираните честички (ПМ10) беше многу високо.

Табеларните прикази за загаденоста на воздухот за останатите загадувачки супстанции, како јаглерод моноксид, азот диоксид, озон и сулфур диоксид покажуваат дека овие супстанци се под дозволените вредности.