Македонија Заев за „Н1“: Оставки и преодна влада се неизбежни

Заев за „Н1“: Оставки и преодна влада се неизбежни

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за телевизијта „Н1“ ја објаснил инволвираноста на премиерот Никола Груевски во купувањето парцели на Водно преку офшор-фирми.

– На штета на скопјани, зелени појаси, со менување урбанистички планови, специјално за интересите на Груевски, се претворени во градежни парцели, а како што покажаа разговорите од последната прес-конференција, станува збор за план за објекти, само на име на една фирма, коишто по денешна пазарна цена за земјиште на Водно, ќе тежат повеќе од 17 милиони евра – изјавил Заев.

За разврската на целиот случај и за политичката ситуација во Македонија, Заев рекол дека преодна влада е неизбежна.

– Оставки и преодна влада се неизбежни. Од тоа бегање нема. По сè што имаме уште да објавиме, обидите на Груевски да се додржи на власт, нема да успеат – рекол лидерот на СДСМ.