Македонија Заев во Њујорк на ГС на ОН ќе има средби со Трамп,...

Заев во Њујорк на ГС на ОН ќе има средби со Трамп, Гутереш, Могерини и со Туск

Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи делегацијата на Република Македонија, на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк од 17 до 23 септември, соопшти секторот за односи со јавноста на Владата.

Во составот на делегацијата ќе бидат министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

Заев ќе присуствува на отворањето на работата на Генералното собрание на ОН и ќе има обраќање на конференцијата на тема „Отворена влада“, со која ќе претседава претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Премиерот ќе има работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и други билатерални средби, меѓу кои и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, со премиерите на Норвешка и на Малта, како и со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Заев ќе има средби и со претставниците на македонската дијаспора во САД, како и со американски бизнисмени.