Главна секција Заев: Вистината е дека мафијата е во Владата

Заев: Вистината е дека мафијата е во Владата

Цело време бараме од граѓаните да ни пристапат со документи за криминалот на оваа власт. Тоа што сум се гледал со сите овие граѓани каде било во Македонија, ја отвора можноста да се сликам и со некое сомнително лице, изјави на попладневната прес-конференција Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Во Македонија, според него, во жар е борбата за слобода и за демократија и тие имаат висока цена.

– Вистината е дека мафијата е во Владата и невидената паника покажува дека власта стана свесна за својот безизлез. Сè што прави Груевски преку пропагандата е обид да најде спас од Специјалното јавно обвинителство. Груевски и соработниците знаат колку се навлезени во криминал и мора да одговараат. Тогаш тврдеа дека прислушувале странски служби, па жолти комбиња, па опозицијата. Сега, повторно, преку пропагандата велат дека ние сме фалисфикувале лични карти. Медиумите на Груевски, исто како во „Пуч“, пласираат информации за кои истрагата е во тек – вели Заев.

На новинарско прашање за средбата со осомничениот за аферата со лични карти, Закир Бекири, и како се нашле тие снимки кај  него, Заев рече дека тоа очекува да го открие истрагата.

За Договорот од Пржино, лидерот на СДСМ вели дека е единствена можност за излез од кризата во Македонија.