Главна секција Заев верува дека преку дијалог ќе ја врати опозицијата во Собранието

Заев верува дека преку дијалог ќе ја врати опозицијата во Собранието

Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да соопшти дали синоќа се одржал најавениот состанок со коалициските партнери околу пополнувањето на испразнетите министерски места, меѓу кои и она во Министерството за здравство.

Заев рече дека штом ќе има решение за новите членови во Владата јавноста ќе биде извесетан.

– Знаете дека има испразнети пратенички места кои треба да бидат пополнети од Државната изборна комисија (ДИК). ДИК е во оставка, но треба да продолжи да работи додека Собранието не ги констатира оставките. Сите овие работи треба да бидат комплетирани за да можеме правно формално да ги спроведеме процедурите, вклучително и за комплетирањето на Владата – изјави Заев, одговарајќи на новинарско прашање по настанот во Собранието во организација на Евроатланскиот совет, на кој премиерот имаше свое обраќање.

Прашан како ќе ја вклучи опозицијата во овој процес, која ја бојкотира работата на Собранието поради притворањето на шестмина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ поради насилствата од 27 април, Заев рече дека ќе биде отворена дебата и оти верува дека преку дијалог може да се најдат решенија.