Главна секција Заев утре во Вашингтон на средба со Пенс

Заев утре во Вашингтон на средба со Пенс

Премиерот Зоран Заев патува утре во Вашингтон ќе има билатерална средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, информираат од владиниот кабинет.

„Средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО“, информира владината прес-служба.

Средбата следува три дена откако во Македонија дојде американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, а претходно во државата беше и помошник-државниот секретар на САД Вес Мичел.

Матис на прес-конференција со Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска порача  дека „гласот на референдумот е најважниот глас во историјата на вашата нација“ и ја потенцираше поддршката на САД.