Македонија Заев со амбасадорката на ОБСЕ договарал соработка за реформите

Заев со амбасадорката на ОБСЕ договарал соработка за реформите

На денешната средба на премиерот Зоран Заев со амбасадорката на ОБСЕ, Нина Суомалаинен, е разговарано за можноста Мисијата на ОБСЕ во Скопје да помогне во реформските процеси во судството, медиумите, полицијата, меѓуетничките односи и неколку други области, соопштија од Владата.

На средбата премиерот нагласил дека новата власт ќе дефинира краткорочна и среднорочна агенда за реформскиот процес, чија цел се евроатлантските интеграции, се вели во соопштението од Владата.