Македонија Заев се сретна со Соња Локар од Централноевропската иницијатива за родови прашања

Заев се сретна со Соња Локар од Централноевропската иницијатива за родови прашања

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, партискиот генерален секретар Оливер Спасовски и претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, денеска се сретнаа со Соња Локар, извршна директорка на мрежата на Централноевропската иницијатива за родови прашања и со учесничките на Втората регионална конференција на претседателките и претставничките на Форумите на жени на СДП која се одржува во Скопје.

Заев подетално ги објаснил последните политички случувања во Македонија и ветил дека опозицијата ќе ги употреби сите демократски механизми што ги има на располагање за да ја нормализира државата.

„Рамноправноста и родовата еднаквост се принципи за кои СДСМ се залага и вклученоста на жените во процесот на враќањето на слободата и на демократијата е од голема важност“, изјавил Заев.