Македонија Заев од Куманово: Да ги вратиме слободата и демократијата во Македонија

Заев од Куманово: Да ги вратиме слободата и демократијата во Македонија

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) вечерва одржа протестен марш во Куманово, предводен од лидерот на партијата, Зоран Заев, кој ги повика припадниците на сите националности сплотени да го урнат ненародниот режим и да ги вратат слободата и демократијата во земјата.

Пред неколкуте илјади граѓани на кумановскиот плоштад, се обрати и генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Пред маршот, денеска во Куманово на прес-конференција, на која се обрати претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски, беа објавени прислушувани материјали поврзани со изборни нерегуларности во овој град.