Македонија Заев: Очекуваме Груевски да го врати мандатот и СДСМ да формира Влада

Заев: Очекуваме Груевски да го врати мандатот и СДСМ да формира Влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретнал со амбасадорот на Албанија во Македонија, Фатос Река.

Заев го информирал албанскиот амбасадор за очекувањата на СДСМ за разврска на политичката криза, како и за очекувањата за соработка со албанските партии.

– Очекуваме на 29 јануари Никола Груевски да го врати мандатот и СДСМ да биде партијата што ќе формира влада во Македонија – рече Заев.

На средбата помеѓу Заев и Река било констатирано дека на изборите во Македонија граѓаните застанале зад концептот на заедништво, наспроти концептот на поделби и дека е тоа голема придобивка за Македонија.