Македонија Заев – Нинова: Kако левичари, ќе придонесеме за поголема демократија во државите

Заев – Нинова: Kако левичари, ќе придонесеме за поголема демократија во државите

Премиерот Зоран Заев, во својство на претседател на СДСМ, денеска во седиштето на Бугарската социјалистичка партија се сретнал со претседателката на партијата, Корнелија Нинова.

Нинова ја поддржала Македонија во интегративните процеси кон НАТО и кон Европската Унија.

„Договоривме најмалку еднаш да држиме билатерални конференции за да ги размениме сите неопходни искуства. Ние веруваме дека како левичари, во оштеството можеме да бидеме авангардата на демократизација на партиите за да има повеќе демократија и во државата. Разговаравме за балканската конференција што како иницијатива произлегува од БСП. Во септември да ја одржиме токму овде, во Бугарија, каде што ќе ги поканиме и земјите од Западен Балкан“, изјавил Заев.