Главна секција Заев на камперите: Покажавте како диктатор може да падне без капка крв

Заев на камперите: Покажавте како диктатор може да падне без капка крв

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, вечерва се обрати на граѓаните во „Кампот на слободата“ пред Владата.

Тој на камперите им изрази „благодарност за истрајноста и за решителноста во битката за враќање на слободата и на демократијата“ во земјата.

Вечерва кампот се затвора.

– Го даваме овој простор како симбол и како потсетник на секоја идна влада да не помисли да си игра со слободата и со човековите права. Овде се едни од најзаслужните граѓани. Вие ја дадовте силата и на гандиевски начин се чекореше до толку посакуваната цел. Вие ја испративте пораката до светот дека диктатор може да падне без да се пролеле капка крв – рече Заев во своето обраќање до присутните.

Тој на граѓаните им го објасни договорот од Пржино и им сооппшти дека е „добиена преодна влада без Груевски“ и дека „на 24 април Груевски ќе го добие најтешкиот пораз“.

Во кампот во тек е мала забава, по што тој и официјално ќе биде затворен.