Македонија Заев – Меј: Велика Британија ја поддржува Македонија во евроатланските аспирации

Заев – Меј: Велика Британија ја поддржува Македонија во евроатланските аспирации

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи вчера присуствуваа на прием, кој премиерката на Велика Британија го приреди во чест на шефовите на владите на земјите од Западен Балкан.

Од владината прес-служба информираат дека Меј и британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон, на одвоената средба со Заев и Османи, изразиле посебен интерес за спроведувањето на реформите во Република Македонија, како и за добрососедските односи и за проектите во регионалната соработка.

Заев ги информирал и за најновите активности на Владата во евро-атлантските интеграциски процеси, и нагласил дека очекува нашата земја да добие препорака за отпочнување на преговорите со ЕУ и ги информирал за очекувањата Македонија да биде 30-та земја членка на НАТО во 2018 година.

Меј и Џонсон изразиле силна поддршка за Македонија во аспирациите за членство во ЕУ и НАТО.