Македонија Заев ќе оди на лидерска со Груевски само со странци

Заев ќе оди на лидерска со Груевски само со странци

За утре е најавена лидерска средба на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, која во 14 часот треба да се одржи во просториите на Клубот на пратеници.

На маса треба да седнат Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мандух Тачи, а според информациите, средбата била иницирана од претставниците на меѓународната заедница како компромисно решение за надминување на политичката криза.

Лидерот на опозицијата попладнево, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе присуствува на средбата, рече дека тоа е можно само доколу на неа присуствуваат претставници на меѓународната заедница.

– Постојат разногласни иницијативи во ова време на длабока политичка криза. СДСМ ќе присуствува на лидерска средба со Никола Груевски само со меѓународно посредништво или, конкретно, со присутни луѓе од меѓународната заедница. Повеќе нема со криминалци да присуствуваме, директно да разговараме, да нè снимаат и тоа да го пласираат во јавноста – изјави Заев.