Македонија Заев ќе го убедува Касами да ги поддржи уставните измени

Заев ќе го убедува Касами да ги поддржи уставните измени

Премиерот Зоран Заев денеска ќе одржи средба со претседателот на БЕСА, Билал Касами, на која ќе се обиде да го убеди да ги поддржи уставните измени.

Средбата е закажана за во 16 часот во Владата.

Заев е оптимист дека ќе обезбеди двотретинско мнозинство и дека процесот на имплементацијата на Преспанскиот договор ќе заврши успешно, но вели дека бројката на пратеници ќе се знае на денот на гласањето.

– Конечниот број ќе го видиме на денот на гласањето. Седницата е закажана за 9 јануари, а според најавите за неприсуство на опозицијата, очекувам дека расправата би траела два-три дена. Чинот на гласањето ќе го покаже резултатот од дебатата, усвојувањето на амандманите, забелешките, вербата. Разговорите со политичките партии продолжуваат – рече Заев на вчерашната прес-конференција во Министерство за финансии.