Македонија Заев ќе ги посети повредените во „8 Септември“, комеморативна седница во Гостивар

Заев ќе ги посети повредените во „8 Септември“, комеморативна седница во Гостивар

Премиерот Зоран Заев денеска во 10.30 часот ќе ги посети повредените граѓани во страотната сообраќајна несреќа што се случи вчера во близина на селото Ласкарци на автопатот Скопје – Тетово, кои се згрижени во болницата „8 Септември“.

Четири од повредените пациенти во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти во Ургентниот Центар во Скопје сé уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.

Потоа  Заев ќе се упати кон Гостивар, кадешто во 12 часот ќе присуствува и ќе се обрати на Комеморативната седница во Општина Гостивар во чест на загинатите граѓани.

Бројката на загинати доцна синоќа се искачи на 14.

Министерот за здравство Венко Филипче, утрово ги посети повредените пациенти. Денешниот и утрешниот ден се прогласени за денови на жалост во целата земја.