Македонија Заев и Шекеринска се сретнаа со Ховит

Заев и Шекеринска се сретнаа со Ховит

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката Радмила Шеќеринска, денеска остварија средба со досегашниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит.

Претседателот Заев се заблагодари за ангажманот на Ховит и за поддршката за Република Македонија во процесот на евроинтеграциите.

Во таа насока позитивно беше оценета досегашната соработка и се разменија мислења за понатамошно продолжување на комуникацијата, за теми кои се од интерес на Република Македонија.

Ховит посочи дека и понатаму ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија како дел од групата на социјалисти и на демократи во Европскиот парламент.