Македонија Заев и Ел Шинави разговарале за продлабочување на економската соработка

Заев и Ел Шинави разговарале за продлабочување на економската соработка

Премиерот Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорката на Египет во Македонија во заминување, Манал Џеина ел Шинави.

На средбата разговарале за можностите и начините за продлабочување на економската и соработката во областа на туризмот помеѓу Македонија и Египет.

Двајцата соговорници договориле да се разгледаат законските можности и олеснувања, што би можеле да ги мотивираат бизнисмените за инвестиции во двете држави.

Ел Шинави денеска се сретна и со министерот за надворешни работи Никола Димитров кој и оддаде признание за придонесот во унапредувањето на билатералните односи за време на нејзиниот мандат.