Македонија Заев и Десковска на средба со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија

Заев и Десковска на средба со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија

На средбата се разговарало за актуелните политички слуќувања во државата

Зоран Заев  и Рената Дескоска, денеска имаа средба со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет, и со раководителот на отсекот за политички прашања на ОБСЕ, Џејмс де Вит. На средбата се разговарало за актуелните политички случувања во земјата.

– Треба да се овозможи реализација на слободната волја на граѓаните, а тоа може да се реализира само преку отворање на сите пет теми што директно се однесуваат на механизмите на враќање на демократските процеси во земјава – рекол Заев.

Тој изјавил дека ќе ги сподели со јавноста сите информации што го разобличуваат начинот на владеење на Никола Груевски, со што ќе стане јасно дека техничка влада е единственото решение за излез од политичката криза.