Македонија Заев и Борисов телефонски разговарале за отворените билатерални прашања помеѓу двете држави

Заев и Борисов телефонски разговарале за отворените билатерални прашања помеѓу двете држави

Извор: Влада на РСМ

Премиерот Зоран Заев денеска имал телефонски разговор со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов при што размениле информации околу подготовките за претстојниот самит во Софија во рамки на Берлинскиот процес, информираат од Влада.

Двајцата премиери договриле уште еден телефонски разговор за утрешниот ден, на кој, ќе биде донесена одлука дали состанокот на премиерите на земјите од Западен Балкан во рамки на Самитот во вторник ќе се одржи со физичко присуство во Софија или целосно онлајн.

„Премиерите Заев и Борисов изразија меѓусебно уверување дека ќе продолжат да разговараат и директно и преку владините претставници и тимови, со цел изнаоѓање заедничко решение за отворените билатерални прашања во интерес на двете земји и во интерес на европските интеграции,“ се вели во соопштението.