Македонија Заев: Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер

Заев: Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер

Во обраќањето пред стружани, вчера, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека манипулациите што Груевски ги креира преку провладините медиуми го потврдуваат стравот дека е фатен во незаконски постапки за кои се одговара во согласност со законите.

– Го гледаме Никола Груевски како манипулира, како подметнува, затоа што е фатен жив. Преку Министерството за внатрешни работи се правеле лажни лични карти, илјадници на број, фиктивни лични карти. Ги издавале само за некој да гласа на избори. По закон, се одговора со затвор за оваа работа. Фатен е жив Груевски и од ова бегање нема. Груевски вели ќе има нова влада на 15 јануари. Да, ќе има нова влада и ќе има нов премиер, ама Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер, заминува. Промените доаѓаат во Македонија, слободата, демократијата, правдата, европските вредности повторно ќе се вратат и никој не може да го спречи тоа – рече Заев.