Економија Заев го поздрави одложувањето на еврообврзницата

Заев го поздрави одложувањето на еврообврзницата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати соопштение за јавноста до светските медиуми, во кое ја поздрави одлуката на водечките банки во врска со еврообврзницата за чијашто противзаконска и штетна реализација алармираше СДСМ.

– Денес, владеењето на правото во Македонија не постои и ова е добро документирано. Менаџерите и инвеститорите не можат да се потпрат на каква било одлука од Министерството за правда, бидејќи истото ова министерство е корумпирано од истите политичари кои поднесоа оставка од своите функции поради наводите за корумпирано и криминално однесување. Јавна тајна е дека истите тие политичари продолжуваат да ги влечат конците зад сцената – се вели во дописот на Заев до странските медиуми.

Тој потсетува дека банките и инвеститорите не можат да се потпрат на мислењето на Министерството за правда за законската правичност за издавањето на еврообврзницата, кое дејствува во ваква политичка клима.