Македонија Заев до Хајндл: Поништување на аболицијата и брзи и регуларни избори се...

Заев до Хајндл: Поништување на аболицијата и брзи и регуларни избори се решение на кризата

Целосно поништување на аболицијата, како што порачаа ЕУ, САД и целата меѓународна заедница, брзи и регуларни избори, со претходно исполнување на клучните предуслови, од страна на Влада којашто ќе има легитимитет да организира и спроведе избори, се решението за излез од политичката криза, истакнал лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој придружуван од заменик – претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, доцна попалднево се сретна со специјалниот пратеник на германскиот министер за надворешни работи, Јоханес Хајндл.

„Постои заедничка согласност дека во Македонија мора да има само регуларни и фер избори, дека правдата мора да важи подеднакво за сите, дека не смее да се опструира работата на Специјалното јавно обвинителство, или сублимирано, дека од условите во Договорот од Пржино нема бегање, мора да се спроведат. На средбата беа нагласени заложбите на СДСМ во целиот овој процес базирани на почитување на Уставот и законите, коишто се грубо погазувани од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, што уште еднаш се покажа со партиските одлуки на Уставниот суд и на мнозинството во Парламентот“, стои во соопштениот на СДСМ за средбата.