Македонија Заев до Билт: Груевски нема право да ја загрозува стабилноста на државата

Заев до Билт: Груевски нема право да ја загрозува стабилноста на државата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, разговараа со Карл Билт, копретседавачот на Европскиот совет за надворешни односи, поранешен шведски премиер и шеф на дипломатијата.

На средбата Заев објаснил дека е формирано парламентарното мнозинство од 67 пратеници и дека наскоро би требало да се приклучат уште двајца пратеници. Тој истакнал дека „Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ немаат право, поради страв од соочување со правдата, да ги загрозуваат егзистенцијата на граѓаните и стабилноста на државата“.

Станало збор и за „притисоците што ги прави власта во заминување врз невладните организации, за опасноста од блокада на целиот систем на државата ако не се избере нов собраниски претседател, кој треба да ги закаже локалните избори, како и за последиците што ги трпат граѓаните и фирмите на економски план“.

Како што соопштија од СДСМ, на средбата е заклучено дека е потребно е што побргу да се реализираат неопходните реформи.