Економија Заев денеска се сретнал со делегација на Енергетската заедница

Заев денеска се сретнал со делегација на Енергетската заедница

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со делегација на Енергетската заедница, предводена од претседателот на оваа меѓународна организација, Јанез Копач.

„На средбата се разговараше за реформските приоритети на новата Влада во енергетскиот сектор, планираните проекти, како и за потребата од побрзо усогласување на закондавство во земјава со европското законодавство во оваа област“, се вели во соопштението на Владата.

Премиерот посочил дека Македонија е подготвена повторно да зачекори по патот на реформите за членство во ЕУ и во таа насока да ги исполни потребните енергетски реформи.

Претседателот на Енергетската заедница, Јанез Копач, кажал дека Енергетската заедница е подготвена да ѝ помогне на Македонија во енергетиката, особено во усогласување на законодавството во оваа област со тоа на ЕУ.