Галерија Заедничка показна вежба на специјалните полициски едници на Македонија, Косово и Албанија

Заедничка показна вежба на специјалните полициски едници на Македонија, Косово и Албанија

Фото: Борче Поповски

Заедничката показна вежба на специјалните полициски едници на трите земји е најдобриот доказ дека земјите од регионот умеат да испратат вистинска порака за успешна регионална соработка, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по завршувањето на заедничката тактичко-показна вежба на полициите на Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Косово денеска во касарната Ѓорче Петров, а на која присуствуваа и министерот за внатрешни работи на Република Косово Екрем Мустафа и заменик министерот за внатрешни работи на Република Албанија Ровена Вода.

„Оваа иницијатива покажа дека заедно можеме да развиваме мрежа на соработка, надоградуваме знаења, разменуваме искуства, да ги зајакнуваме  стекнатите техники и вештини, како и нивната практична примена во текот на полициското работење, за полесно справување со најголемите предизвици од областа на безбедноста“, рече Спасовски.

Тој додаде дека оваа вежба им овозможила продлабочување на знаењата и нивна перманентна пракса во понатамошниот развој.