Македонија Заедничката мултидисциплинарна комисија помеѓу Македонија и Бугарија ќе има втора средба

Заедничката мултидисциплинарна комисија помеѓу Македонија и Бугарија ќе има втора средба

На 4 и 5 октомври, во Скопје, ќе се одржи втората средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, информираат од Министерството за надворешни работи.

На средбата, како што велат од МНР, се очекува членовите на Комисијата, согласно договорената методологија и принципи на работа, да разменат мислења поврзани со наставните содржини во образовните процеси во двете земји, како и можностите за заедничко одбележување на одредени историски настани и личности.