Македонија Задолжителен ПЦР тест за косовските државјани кои влегуваат и транзитираат низ државата

Задолжителен ПЦР тест за косовските државјани кои влегуваат и транзитираат низ државата

Владата на третата седница донесе одлука за задолжителен ПЦР-тест за косовските државјани кои влегуваат од Република Косово и транзитираат низ државата.

„Државјаните на Република Косово, кои влегуваат на територија на Република Северна Македонија од копнен граничен премин од Република Косово задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CiV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територија на Република Северна Македонија и во случај на транзитирање низ државата,“ велат од Влада.