Македонија Зад затворени врати продолжува судењето за „Диво Насеље“

Зад затворени врати продолжува судењето за „Диво Насеље“

Денеска во големата сала на Врховниот суд продолжува судењето против терористичката група поврзана со настаните во Диво Насеље, Кумановско, од 9 и 10 мај минатата година.

Денешното, но и следните рочишта закажани за овој месец, ќе бидат затворени за јавноста оти ќе се презентираат транскрипти и извештаи од посебните истражни мерки на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во врска со случајот.

Судскиот процес против 29 обвинети во случајот „Диво Насеље“ почна во февруари годинава. На почетокот на јуни, целиот процес почна одново откако Обвинителството со овој случај го спои и предметот „Молња“, во кој осум лица се обвинети дека обезбедувале логистичка поддршка за кумановската група.

Во настаните во Куманово животите ги загубија осум припадници на специјалните полициски единици, а 37 беа ранети, додека во борбите со полицијата беа убиени 10 членови на вооружената група.