Македонија Забранет влез за камиони и за автобуси во Грција, поради лошите временски...

Забранет влез за камиони и за автобуси во Грција, поради лошите временски услови

Сообраќајот по државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Од АМСМ велат дека поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, не се дозволува влез на товарни возила и на автобуси во Грција.

Забранa за сообраќај за тешки товарни возила има и на патниот правец Маврово – Дебар.

Снег со слаб интензитет провејува во Делчево, Крива Паланка и во Маврово. Поради ниската температура, на места е можна појава на голомразица.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.