Македонија Забраната за камиони е укината, можни одрони на неколку патни правци

Забраната за камиони е укината, можни одрони на неколку патни правци

Забраните за тешки товарни возила на патните правци Маврово – Дебар, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир и Ресен – Битола на превојот Ѓавато се укинати, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

Во клисурите и во засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Сообраќајот на патните правци низ земјава се одвива по влажни коловози, а на повисоките места на места со остатоци од кашест снег.