Македонија Забрана за тешки товарни возила на Стража

Забрана за тешки товарни возила на Стража

Поради врнежи од снег на планинскиот премин Стража воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, информира АМСМ.

Истовремено се наведува дека од 06.45 часот, нормализиран е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот крак Маврово – Дебар.

Поради свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен, на обиколницата кај Битола, сообраќајот е во целосен прекин за сите видови возила. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.

Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес е нормализиран.

Поради внимателност, во должина од 500 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена дополнителна сообраќајна и светлосна сигнализација.