Македонија Забрана за движење на тешки моторни возила на неколку патни правци

Забрана за движење на тешки моторни возила на неколку патни правци

Сообраќајот во државата се одвива во зимски услови, а забрани за движење на тешки товарни возила има на повеќе патни правци.

Забрани има на патните правци Маврово – Дебар, Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато и Крива Паланка – Деве Баир.

На патиштата низ земјава сообраќајот се одвива по влажни коловози, а на повисоките места има остатоци од кашест снег.