Македонија За викендот дожд и пад на температурата за девет степени

За викендот дожд и пад на температурата за девет степени

Дожд на пониските места и снег на повисоките делови од земјава нè очекува утре, за кога метеоролозите најавуваат и пад на температурата за 8 до 9 Целзиусови степени.

Од УХМР информираат дека во текот на ноќта и утре нашето подрачје ќе биде под влијание на влажен и постуден бран, кој ќе предизвика врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од земјава – од снег.

Повеќе врнежи се очекуваат во северозападните делови, каде ќе наврнат и до 15 литри на еден квадратен метар.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, а во текот на денот ќе го смени правецот во северен. Дневната температура ќе опадне и ќе се движи во интервал од 8 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје утре ќе биде облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 8 Целзиусови степени.