Свет За Вашингтон се смешни тврдењата на Ердоган дека САД ја поддржуваат ИД

За Вашингтон се смешни тврдењата на Ердоган дека САД ја поддржуваат ИД

Американскиот Стејт департмент ги отфрли како „смешни“ обвиненијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека коалициските сили предводени од САД ги поддржуваат терористите во Сирија, меѓу кои Исламска држава и курдските екстремистички групи.

Портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер, рече дека не постои основа за таквите обвиненија.

Ердоган синоќа изјави дека поседуваат потврдени докази, со фотографии и со видеоснимки дека коалицијата предводена од САД поддржува терористички групи, вклучувајќи ја и ИД.

– Нас нè обвинуваат дека ја поддржуваме Исламска држава, а сега тие поддржуваат терористички групи, вклучувајќи ја и Исламска држава – изјави Ердоган на прес-конференција во Анкара.