Свет Европа За Ердоган контрацепцијата е предавствo

За Ердоган контрацепцијата е предавствo

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја оцени како „предавство“ контрацепцијата бидејќи смета дека таа, најверојатно, ќе „пресуши“ цела една генерација.
Ова турскиот претседател го изјавил вчера, на венчавката на синот на бизнисменот Мустафа Кефелија.

– Едно или две деца не се доволни за да ја зајакнеме нашата нација. Потребна ни е динамична и млада генерација. Мораме да ја доведеме Турција до нивото на модерната цивилизација – им рекол Ердоган на младенците.

Ердоган во ноември предизвика незадоволство кај феминистките со изјавата дека секоја жена треба да роди барем три деца и дека жените не се рамноправни со мажите.

Турскиот претседател има четри деца – два сина и две ќерки.
Бројот на жители во Турција во последните неколку години порасна на повеќе од 76 милиони.