Македонија За едно деноноќие двајца приведени поради семејно насилство

За едно деноноќие двајца приведени поради семејно насилство

Против двете лица ќе бидат поднесени кривични пријави, соопшти МВР

Image by Nino Carè from Pixabay

Полицијата привела двајца мажи поради семејно насилство во текот на вчерашниот ден. 

Во гостиварско село бил уапсен 61 годишниот Ќ.С поради физички напад врз неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од Кавадарци го лишиле од слобода и Ј.С.(59) од Кавадарци затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 57 годишна сопруга. За настанот е известен јавниот обвинител. 

Против двајцата ќе бидат поднесени кривични пријави, соопшти МВР.