Подглавна секција За едно деноноќие, четири пријави за напади врз жени

За едно деноноќие, четири пријави за напади врз жени

За сите случаи, МВР информира дека се работи на нивно расчистување

Image by Nino Carè from Pixabay

Министерството за внатрешни работи информира за четири пријави на семејно насилство во последното деноноќие. Така, во последниот билтен на МВР, има пријава од вчера според која во 13.53 часот, 26 годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот 39 годишен сопруг.

Истиот ден, 19.30 часот во СВР Скопје, 60 годишна жена од Скопје пријавила дека околу 09.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по претходни недоразбирања, била физички нападната од нејзиниот девер С.Ш. (66) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.

Во истотот време, 51 годишна жена пријавила дека околу 5 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот партнер М.Т.(52) од Скопје.

Истиот ден, попладне во 19 часот во СВР Скопје, 45 годишна жена пријавила дека околу 14.30 часот во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг М.К. (55) од Скопје.

За сите случаи, МВР информира дека се работи на нивно расчистување.