Македонија За четири часа вакцинирани 267 деца со МРП вакцина

За четири часа вакцинирани 267 деца со МРП вакцина

Фото: NIAID/Flickr

Денеска до 12 часот, на територија на Скопје се вакцинирани 267 деца од предучилишна возраст со вакцината МРП (морбили, рубеола и паротитис), информира Министерството за здравство. Оттаму велат и дека за две од шестмината новозаболени лица од морбили е добиена лабораториска потврда, а за две од нив резултатите се негативни. Кај еден случај на болно дете се прават дополнителни лабораториски испитувања.

„Министерството за здравство апелира до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина. Потсетуваме дека се` уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје. Во соработка со Здравствен дом – Скопје воведуваме и втора смена во поликлиниките, каде се врши вакцинација, односно вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ ќе работат до 19 часот“, информираат во МЗ.

Оттаму напоменуваат дека МРП вакцината е висококвалитетна. Производител е компанијата „GlaxoSmithKline“ од Белгија.