Македонија За Брексит ќе бидат потребни повеќе од две години, оцени Јункер

За Брексит ќе бидат потребни повеќе од две години, оцени Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер оцени дека ќе бидат потребни повеќе од две години за да се постигнат сите договори околу излезот на Велика Британија од Унијата.

-Мислам дека нема да успееме во рок од 24 месеци да ги постигнеме сите договори за Велика Британија да ја напушти ЕУ и да воспостави целосен однос со европскиот континент, изјави Јункер, додавајќи дека во Велика Британија мора да бидат сменети најмалку 20.000 закони пред да може да ја напушти ЕУ.

Британската премиерка Тереза Меј најави дека во март ќе го активира член 50 од Лисабонскиот договор за да ги почне преговорите за Брегзит.